За Проектот

Проектот „Следење на принципите на јавна администрација во зачувување на вредности на добро управување” е финансиран од Европската унија, во рамките на ИПА програмата ,,Структура за поддршка на граѓанското општество и Медиуми 2015”, а се фокусира на воспоставување на стандарди за добро управување во единиците на локалната самоуправа, преку прилагодување на СИГМА Принципите на јавната администрација.

Стандардите кои се наменети за локалните власти, ја следат структурата на СИГМА принципите во однос на поставување на области, принципи и мониторинг-методологија со квалитативни и квантитативни индикатори за секоја област, но прилагодено на контекстот на работа на единиците на локалната самоуправа, кои функционираат различно во однос на централната власт. Областите опфатени во стандардите се: развој и координација на политиките и стратегиите, управување со човечки ресурси, практикување транспарентност и отчетност, обезбедување услуги и управување со општинските финансии.

Единиците на локалната самоуправа се следат по утврдените стандарди за добро управување и воспоставената мониторинг методологија од страна на локални граѓански организации, вклучени како грантисти на проектот. Граѓанските организации изработуваат извештаи за работата на локалните самоуправи од својот регион, со препораки за подобрување на работата на општините во контекст на стандардите за добро управување. Преку дијалог со претставниците на општините и форуми за дискусија, се влијае на менување на начинот на функционирање на локалната администрација.

Според тоа, овој портал ги прикажува резултатите, презентирајќи и визуелизирајќи ги податоците прибрани во рамките на овој проект.